Кампањата „Јас внимавам“ повторно донира и ги едуцира најмладите

183

Сообраќајни полигони каде што ќе се учат основните правила за однесување во сообраќајот, денеска добија скопските основни училишта Круме Кепески и Св. Климент Охридски, донација од ОКТА, а како дел од кампањата „Јас внимавам“.

Кампањата „Јас внимавам“ со своите активности, секој месец ги потсетува граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а со дел од активностите ги опфаќа и најмладите овозможувајќи им сообраќајна едукација и учејќи ги како најбезбедно да се однесуваат во сообраќајот. На настанот како дел од донацијата беше изведена и претставата „Јас внимавам“ преку чии пораки полесно ќе се совладаат сообраќајните знаци и правила, а учениците добија и едукативни боенки. Ваквата донација, дванаесетта по ред, се реализира и во други основни училишта ширум Македонија.

Годишната кампања, „Јас внимавам“ иницирана од компанијата ОКТА и со поддршка од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија е наменета да ја подигне свеста за безбедноста во сообраќајот и да влијае кон подобрување на сообраќајната култура во земјава.