Инспиративната приказна „Чудо“ од утре во Cineplexx

240

Филмот „Чудо“ ни ја раскажува неверојатната и инспиративна приказна за Оги Пулман, дете што има голем деформитет на лицето, иако неговото мало тело и неговиот мозок се сосема нормални. Од утре во Cineplexx ќе можете да го проследите филмот на режисерот Стивен Чбоски, со: Џулија Робертс, Овен Вилсон и Џејкоб Трембли во главните улоги.

Филмот е базиран на бестселер на „Њујорк тајмс“, кој се продаде во повеќе од пет милиони копии и кој истовремено успеа да ги натера луѓето да променат нешто во својот живот, во своето општество. Мал број книги можат да ги натераат луѓето да променат нешто, но не е таков и случајот со новелата „Чудо“ на Р.Џ. Паласио. Издадена во 2013 година, авторот со оваа книга свесно презема ризици.

Беа ли читателите подготвени да го следат детето кое поради својата генетска состојба, родено со „краниофацијална разлика“, успеваше да им застане на патот на минувачите? Излезе дека читателите беа навистина интригирани од Оги Пулман.

Токму деформитетот на лицето е причината првите десет години од животот Оги да ги помине во домашно школување. Кога тој тргнува во петто одделение, мора да заборави на досегашниот живот и да се обиде да се вклопи во обично училиште со нормални деца, да се обиде да се подготви за животот што го чека и да им докаже на сите дека тој е ист како нив, без разлика на неговото страшно лице.

Но, како може да го изведе тоа, особено кога луѓето знаат да бидат толку злобни?

КИНОПРОГРАМА (30.11.2017-06.12.2017)

Чудо 2Д Секој ден: 16:30, 17:50, 19:00, 20:15 Викенд: 11:40, 14:00, 16:30, 17:50, 19:00, 20:15

Лига на правдата 3Д Секој ден: 15:00, 17:30, 19:50, 22:15 Викенд: 12:20, 15:00, 17:30, 19:50, 22:15

Лига на правдата 2Д Секој ден: 18:30, 20:45

Тато се врати 2Д Секој ден: 16:00, 18:00, 20:00, 21:00, 22:00 Викенд: 12:40, 14:40, 16:00, 18:00, 20:00, 21:00, 22:00

Убиство во Ориент Експрес Секој ден: 17:10, 19:20, 20:30, 21:30 Викенд: 13:40, 17:10, 19:20, 20:30, 21:30

Тор – Рагнарок Дигитал 3D Секој ден: 23:00

Тор – Рагнарок Дигитал 2D Викенд: 13:00

Предградие 2Д Секој ден: 23:00

Убиство на светиот Елен 2Д Секој ден: 15:40, 22:45

Исцелител 2Д Секој ден: 21:15

Божиќ кај лошите мајки 2Д Секој ден: 18:50, 21:45

ДЕТСКИ ФИЛМОВИ

Коко и големата тајна 3Д Секој ден: 15:20, 16:50, 19:10 Викенд: 12:00, 14:20, 15:20, 16:50, 19:10

Коко и големата тајна 2Д Секој ден: 16:10, 18:10 Викенд: 11:00, 13:20, 16:10, 18:10

Малиот Бигфут 3Д Секој ден: 17:00 Викенд: 11:20, 13:30, 17:00

*Cineplexx го задржува правото за промена на редовниот репертоар