Најзаслужните ученици од гостиварската гимназија престојуваа во Бурса

671

Во рамките на Програмата Еразмус, шест најистакнати и најзаслужни ученици од гостиварската гимназија, предводени од професорката Аребан Солејмани, престојуваа во Бурса, Турција.

Учениците Албанци, Македонци и Турци од Гостивар, учествувале во организираната активност на тема „All start with Music” (Сè започнува со музика) каде што учествуваа и млади луѓе од Турција и Италија, од кои дел со потекло од Пакистан.

„Музиката беше таа која што имаше за цел да ги доближи луѓето едни со други. Нашите активности беа најразлични, како на пример пеење на градскиот плоштад и во еден голем трговски центар со инструменти, интервју на посетителите во врска со музиката која ја слушаа, пеење со кореографија од страна на самите учесници, презентација на специјалитети од земјите од кои доаѓаат учесниците, креирање на детски игри со користење ма музика при играњее и друго”, објаснува професорката Арбена Солејмани.

Директорот на СОУ „Гостивар”, Дритан Имери информира дека покрај работилницата и креативноста што ја прикажале учениците, тие го посетиле и градот Бурса и пошироко, контактирале со граѓаните од Бурса, меѓу кои повеќето биле по потекло од нашите краишта.