Отворен Повик за платена Еразмус+ пракса во странство

198

Дали сте подготвени за ново животно искуство кое ќе вклучува платена пракса во времетраење од три до пет месеци во некоја од државите на Европска Унија? Еразмус+ програмата ви нуди можност за пракса во Германија, Шпанија, Франција, Полска, Италија и многу други држави во чии институции и фирми можете да го збогатите вашето практично знаење од областа во којашто студирате.

Повикот за апликации за Еразмус+ пракса е отворен во текот на целата академска година.Можност за студентска обука (пракса) можат да ја искористат:

  • студенти на додипломски студии – прв циклус студии, со запишан најмалку трет семестар;
  • студенти на втор циклус студии;
  • студенти на трет циклус студии.Право на аплицирање имаат редовните студенти на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

Потребни документи за аплицирање:

  • пополнет образец за студент;
  • фотокопија од индекс (прва страница);
  • уверение за положени испити;
  • кратка биографија;
  • мотивациско писмо;
  • две препораки од професори/асистенти;
  • потврда за познавање на странски јазик;
  • копија од сертификати.

Ги очекуваме вашите апликации.

Повеќе информации на овој линк.