Јужна Кореја никогаш не разочарува: Ова се технологиите кои што ќе ги одбележат Зимските олимписки игри

150

Овие Зимски олимписки игри би можеле да се запишат во историјата како едни од најстудените, па затоа и не зачудува тоа што некои производители на спортска опрема ја користат технологијата за да ги загреат спортистите.

Овогодишните Зимски олимписки игри се одржуваат во Јужна Кореја – земја која што може да се пофали со бројни технолошки брендови, меѓу кои што е најпопуларен Самсунг – најголемиот производител на паметни телефони во светот и компанија од каде што на сите олимпијци и параолимпијци им доделија посебно издание на Galaxy Note 8.

Освен спортистите кои што од прва рака веќе испробуваат најразлични технологии, во можностите на најмодерната технологија присутна на некој спортски настан досега можат да се уверат и гледачите од пред „малите екрани“.

Така Интел, благодарение на камерите кои што имаат можност за снимање во 360 и 180 степени, покрива 18 случувања во живо и на гледачите им нуди едно сосема ново искуство. Имено, се создава комбинација на пренос во живо во виртуелна реалност.

Интел договори и партерство со јужнокорејската компанија “KT Corporation” со цел за време на траењето на игрите, целиот Олимписки парк да биде покриен со 5G мрежа. Поддршка дава и Алибаба, па така сите податоци во текот на Зимските олимписки игри ќе се складираат на „облакот“ на компанијата.

Јужнокорејците исто така го изненадија светот кога решија за безбедноста на игрите да се користат дронови кои што оперираат во комбинација со тактички авион, а целиот Олимписки комплекс е покриен со повеќе од 900 надзорни камери. За безбедноста исто така се задолжени специјални возила со напредни скенери кои што можат да пребаруваат возила и луѓе.

Од друга страна, холандските спортисти ќе користат специјална технологија вградена во Samsung SmartSuit (паметно одело) со цел да ја подобрат својата техника и брзина за време на тренинзите. Оделото ќе ја следи положбата на лизгачот и ќе вибрира за да го натера да го исправи држењето, а сите податоци се испраќаат во апликација со цел тренерите да можат да анализираат во реално време.

И за крај, ова не би биле вистински Зимски олимписки игри во Јужна Кореја, ако тамошните компании не претстават робот. Роботот секако, не се натпреварува, туку им служи на сите посетители, од чистач, па до преведувач.

Со толку напредна технологија која што веќе се применува, а исто така ќе се применува и нова технологија до самиот крај на игрите, овие Зимски олимписки игри можеме слободно да ги прогласиме за технолошки најнапредните игри досега.

Се надеваме дека и македонските представници ќе можат да ги искористат предностите на овие технологии за да остварат што е можно подобри резултати.