WE ARE DIFFERENT, WE ARE EUROPE ALL TOGETHER: Ерасмус+ проект, клучна акција 2, стратешки партнерства за училиштата

1352

Во периодот од Септември 2017 до Септември 2019, СЕПУГС Васил Антевски Дрен, заедно со 4 партнер училишта од Турција, Шпанија, Португалија и Латвија, ќе учествува во проект добиен преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Република Македонија, во рамките на програмата Ерасмус +.

Името на проектот е WE ARE DIFFERENT, WE ARE EUROPE ALL TOGETHER. Идејата на проектот е учениците да се запознаат со различните култури на партенер земјите и наместо да ја претставуваат својата култура, преку истражувања и дружење да ги претставуваат другите култури, односно да го продлабочуваат знаењето за истите.

Целта на проектот е преку соработка и знаење да се осознаат разликите, но и да се работи на антидикриминацијата и рушење на стереотипите на различните култури.

Со проектот предвидеини се многу интересни активности, во кои учество ќе земат ученици и професори од нашето училиште. Учениците ќе имаат можност да посетат многу креативни работилници, предавања и дебати во врска со темата наведена погоре. Исто така ќе ги истражуваат традиционалните јадења и рецепти на партнер земјите. Училишниот бенд ќе подготвува традиционална музика, карактеристична за секоја партнер земја, ќе биде изработен македонско-англиски прирачник и готвач за традиционалните јадењеа на секоја од земјите учеснички.

Преку овие и други активности ќе се отвори можност за дијалог помеѓу различни Европски култури од различни националности. Преку дијалогот ќе се основаат пријателства, кои во иднина ќе водат кон намалување на расизмот и дискриминација на различните културите. Крајната цел на проектот е зголемување на културолошката свесност кај младата популација.

Официјален јазик на проектот е англиски, но со цел унапредување на другите јазици ќе се користат и јазиците од сите партнер земји вклучени во проектот.

Во проектот се планирани три мобилности и два транснационални состаноци, на кои учесниците ќе ги разменат своите искуства и знаења.

Првата мобилност на ученици и професори од партнер земјите ќе се одржи во СЕПУГС Васил Антевски Дрен, Скопје, во периодот од 19 до 25 Февруари 2018 година.

Во овој период ученици и наставници од училиштата: Agustinos Alicante – Шпанија, Agrupamento de Escolas de Paredes de Coura – Португалија, Sivas Lisesi – Турција и Rigas 18. Vakara (Mainu) Vidusskola, ќе учествуваат во активностите организирани од  СЕПУГС Васил Антевски Дрен.

Како домаќин нашето училиште ќе организира презентации за земјата, градот, училиштето и образовниот систем на Република Македонија. За гостите од страна на нашите ученици се изработени презентации за нивните традиционални јадење, нивната музика, облека, обичаи и природни богатства. Преку прошетки и екскурзии гостите ќе имаат можност да ја почуствуваат културата и традициите на Македонија и да се сретнат со локалните власти кои дополнително ќе придонесат тие да се почуствуваат добредојдени.

Нашите учениците ќе добијат можност да се дружат и да разменуваат искуства со учениците од другите училишта и на тој начин да ги скршат стереотипите, како и да се доближат до другите култури.

Како завршен настан на целата посета ќе се организира изложба на традицоионлна храна на Макеоднија, која ќе биде подготвена од учениците домаќини и нивните гости ученици.