Регионалниот натпревар по математика

319

Викендот кој е зад нас го одбележа регионалниот натпревар по математика кој се одржа во ПСУ „Јахја Кемал“- Скопје.

СУГС „Георги Димитров“- Скопје го претставуваа вкупно 12 ученици од сите четири години под менторство на професорите по математика Јасмина Маркоска, Ана Костовска, Елена Трајковска и Гордана Николовска.

На регионалниот натпревар му претходеше општински натпревар по математика пред кој, поради големиот интерес за учество,во училиштето се организираше интерен натпревар на кој најуспешните беа одбрани да бидат наши претставници.

По добрите резултати, следеше и регионален натпревар на кој учествуваа:
Јана Бојаровска, Мелиса Мулиќ, Матеја Стојановиќ, Јана Чоловиќ, Борјана Трајковска, Мартин Цветановски, Стефан Стојановски, Мартин Трајчески,Тамара Митревска, Бојан Робев, Мартин Поповски и Иван Јорданов и ги постигнаа следниве резултати:
Тамара Митревска III-та награда
Мартин Поповски III-та награда
Стефан Стојановски III-та награда

Бојан Робев, пофалница
Јана Бојаровска, пофалница

Еден од учесниците на регионалниот натпревар по математика е Матеј Трајчески кој со нас ја подели возбудата пред натпреварот. Тој смета дека пред секој натпревар најважни се добрата подготовка, силната концентрација и мотивираноста.
Матеј е еден од нашите соученици кои на манифестацијата ,,Ноември-месец на науката” освоија I награда за хемија, а повторно ќе имаат можност да ги покажат своите знаења и на општинскиот натпревар по хемија кој ќе се одржи на 24-ти февруари. Им посакуваме многу среќа.