Дневни рутини кои ги применуваат учениците во нашето училиште за да имаат успешен ден

156

Во нашето училиште во рамките на воннастаставните ученички активности направивме анкета со нашите соученици со цел да ги откриеме активностите кои ни помагаат да имаме успешен училишен ден.

Во морето од најразлични креативни одговори увидовме дека најголем дел од учениците не спијат повеќе од 8 часа и се трудат за време на викендите да не стануваат подоцна од 9 часот наутро. Најголем дел од нас секое утро го започнуваат  со физички вежби за загревање на телото, утринска хигиена и богат појадок.
Денот најчесто го делиме на 3×8 часа.  8 часа спиеме, 8 часа учиме и истражуваме и 8 часа се забавуваме.

Доколку сеуште не сте ја пронашле соодветната рутина која ќе Ви го нашрави денот успешен, ние составивме листа на насоки кои ќе Ви помогнат, ке Ви овозможат да соберете повеќе енергија и повеќе концентрација за успешно да го реализирате денот.

Овие се најефикасните:

  1. Направете to-do list или листа што би правеле дента. Скоро сите успешни личности пред да легнат прават листа за тоа што би правеле утрешниот ден.
  2. Почнете го утрото со активност. Дали тоа ке биде трчање неколку километри,ладен туш,спремање доручек или пак спремање и одење веднаш во школо/факултет или на работа, најлошо е да се стане наутро и да се продолжи денот во кревет.
  3. Завршете ги утринските обврски,одвечер. Нашиот мозок е орган кој го користиме низ текот на целиот ден и многу често се случува да изгубиме концентрација. Според Марк Зукенберг наутро мозокот треба да биде одморен за да може да го издржи цел ден. Заради тоа за да бидете свесни и сконцентрирани низ целиот ден, вечерните обврски завршете ги одвечер. Дали е тоа избирање на облеката што ке ја носите утрешниот ден или местење на ранецот за на училиште.
  4. Легнете порано,станете порано.Една од најбитните навики за да бидете попродуктивни низ целиот ден е спиењето дур е ноќ, а не ден.Одредени ензими кои на нашиот мозок му даваат енергија да работи се лачат само во одредени часови ОД НОЌТА. Но исто така е многу битно да се наспиете доволно. За луѓето до 21 година се потребни од 8 до 10 часа.
  5. Бидете позитивни.Најголема мотивација за станување успешен во одреден смер е позитивноста.Затоа потсетувајте се секој ден дека ке станете успешен,дека ке живеете среќно,дека ке ја работите работата што ја сакате.
  6. Бидете благодарни. Не е битно колку имате. Едноставно бидете благодарни и задоволни со тоа што го имате,бидејќи така го полните сопствениот мозок со позитивна енергија,а така сте попозитивни и попосакувани од другите луѓе.
  7. Оставете добар прв впечаток.Луѓето потсвесно го памтат тоа што ке го сватат од прв пат за вас.Затоа најубаво е да оставите добар и позитивен прв впечаток за луѓето да ве запамтат како личноста околу која сакаме да седиме, со која сакаме да се дружиме…

Изработил: Никола Зајков
СУГС „Георги Димитров“- Скопје