ФФМ претстави нов амбициозен проект: Фудбал во училишта

154

Денешната прес-конференција на македонската фудбалска репрезентација започна со најава на еден проект од страна на првиот човек на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, кој го побара вниманието од новинарите за претставување на уште една иновација за подобрување на темелите во фудбалот и пронаоѓање на млади талентирани дечиња.

Првиот човек на Федерацијата во друштво на претседателот на Федерацијата на Училишен спорт, Александар Туфекчиевски образложи дека ФФМ влегува во нов проект кој ќе започне овој месец, а целта на истиот ќе биде да се организираат спортски настани во основните училишта во Македонија.

– Овој проект на Фудбалската Федерација на Македонија и на Федерацијата за училишен спорт ќе се имплементира во периодот од март, 2018 година до мај, 2020 година. Ќе се одвива во три фази, од кои првата започнува сега и ќе трае до мај, 2018 година. Во првата фаза ќе бидат опфатени момчиња и девојчиња од второ до петто одделение од 40 основни училишта од 10 општини во Македонија вкличувајќи 6000 деца. Во втората фаза ќе бидат опфатени 10.000 деца од 80 училишта, додека пак со третата фаза се очекува да бидат вклучени 120 училишта што претставува една третина од основните училишта во Македонија, броејки до 15.000 деца. Ова е вредна иницијатива, им благодарам на луѓето од Федерацијата на Училишен спорт на Македонија за подршката, на овој начин водиме грижа за нашата база која се надеваме дека ќе се зголеми преку овој проект. Ќе направиме се што е во наша моќ овој проект да биде во вистинска смисла – Училишен фудбал, – пораче Илчо Ѓорѓиоски.