Литературниот клуб на СУГС „Георги Димитров“ со „Астални проекции“

273

Во рамките на културно – промотивната активност на Литературниот клуб на СУГС „Георги Димитров“- Скопје, членовите учествуваа на литературно читање на манифестацијата „Астални проекции“ во кафулето „Менада“ – Скопје на ден 06.03.2018 година.

На чествувањето присуствуваа ученици од  СУГС „Георги Димитров“ од Скопје под менторство на професорката по македонски јазик и литература, Соња Енџекова – Сопотска. Литературното читање опфаќаше поезија со разновидни мотиви и читањето се одвиваше на различни јазици.