Кое е местото на културата во иднината на Европа?

689

На 9 февруари СЕПУГС Васил Антевски Дрен го пречека г-динот Роман Хакен од Чешка, член на Европскиот Економски и Социјален Комитет*, како дел од  подготовките за Твоја Европа, Твоја одлука (Yоur Europe,Your Say),  младинското собрание кое ќе се одржи во Брисел на 15-16 март 2018.

На средбата со учениците претставникот на Европскиот Економски и Социјален Комитет имаше можност да ги запознае учениците од нашето училиште со начинот на функционирање на Европската унија и со активностите кои ги спроведува Европскиот Економски и Социјален  Комитет.

Претставникот на ЕЕСК се сретна и со тројцата ученици: Симона Зенделовиќ, Никола Николовски и Горазд Петрушевски кои оваа година ќе го претставуваат СЕПУГС Васил Антевски Дрен и Република Македонија на конференцијата “Your Europe, Your Say” на која учество ќе земат по едно училште од секоја земја членка на Европската унија и земјите со статус на кандидат за членство.

Темата на овогодинешниот “Your Europe, Your Say”  е: “Обединети во различностите: подмладена иднина на европската култура” каде учениците ќе може да дискутираат за европското културно наследство, за местото кое  културното наследство го завзема во нивните животи, важноста на културното наследство за нашите односи со остатокот на светот, што може да направиме да го заштитиме културното наследство и слично.

Наречена “Твоја Европа, твоја одлука!” (YEYS), настанот се организира од Европскиот Економски и Социјален Комитет (ЕЕСК), гласот на граѓанското општество на европско ниво, и ова е главниот настан на овој Комитет за млади. Преку оваа иницијатива, ЕЕСК сака да се осигура дека гледиштата, искуствата и идеите на помладата генерација се земаат предвид во правењето на политиките на ЕУ.

Подетални информации за YEYS 2018 може да најдете на официјалната страна на овој настан: http://www.eesc.europa.eu/en/agenda/our-events/events/your-europe-your-say-2018

*Европскиот економски и социјален комитет ги претставува раличните економски и социјални компоненти на организираното граѓанско општество. Тоа е институцијално советодавно тело основано со Римскиот договор од 1957 година. Неговата советодавна улога им овозможува на своите членови, оттука и на организациите кои тие ги претставуваат, да учествуваат во процесот на одлучување на ЕУ. Комитетот брои 350 членови од ширум Европа, кои се назначуваат од страна на Советот на Европската Унија.