Банана, топло млеко и ананас против несоница

504

Спротивно од вообичаеното мислење, нарушувањето на сонот кога сте повозрасни не е последица на стареењето, бидејќи количината и потребата за сон се менува низ различни животни векови, а на повозрасните им се потребни повеќе од осум часа сон, велат стручњаците. Истражувањето на американското здружение за спиење покажува дека на возрасните им се потребни од 7,5 до 9 часа сон, но претходно треба да обрнат внимание и на други работи.

Инаку, проблемот со спиењето може да предизвика различни здравствени проблеми, пореметување на секојдневната рутината или појава на стрес. Лицата постари од 60 години се многу чувствителни, па нив им пречи бучавата, премногу топлина во просторот или студот, а оние кои страдаат од артритис, имаат проблеми со бубрези или депресија, исто така имаат проблеми со сонот.

Несоницата (инсомнија) ја карактеризираат проблемите со успивање, често будење во текот на ноќта, прерано будење наутро, заморот и вознемиреноста која особено е изразена кога се будите.

Исто така, според мислењето на стручњаците, треба да се разликува повремената несоница која трае неколку денови и се јавува во одредени периоди до луѓето кои имаат хронична несоница за кои треба да интервенира доктор.

Стручњаците сметаат дека за добар сон е потребна физичка активност, односно барем 20 минути четири пати неделно, а се препорачува брзо одење, трчање, танцување, пливање, бидејќи вежбањето го ослободува телото од стрес и го зацврстува, што е важен предуслов за добар сон бидејќи го подобрува дишењето и зајакнува кардиоваскуларниот систем .

Што се однесува до исхраната, последниот оброк треба да биде барем половина час пред спиење, односно, ананас, банана или топло млеко кои ќе помогнат да имате добар сон.

Доколку лицето страда од хронична несоница, таа е предизвикана од други здравствени проблеми, а лековите треба да се препишат исклучително од стручно лице, но претходно може да се пробаат и некои природни начини за да се постигне добар сон.