Како секоја година талентирани уметници си одат од Лувр со ремек-дело во рака

226

Салвадор Дали, Пабло Пикасо, Марк Шагал, Едгар Дега. Овие уметници не се само едни од најпознатите сликари во историјата на уметноста, туку тие делат и заедничко искуство – копирање на делата на старите мајстори во Лувр.

Долга традиција која датира од завршувањето на Француската револуција, секоја година најпознатиот музеј во Париз доделува 250 дозволи на аматери и професионални сликари и им овозможува да копираат ремек-дело по свој избор.

Постимпресионистичкиот сликар Пол Сезан еднаш рекол, „Лувр е книга од која учиме да читаме”. Оваа мисла комплетно ја сумира традиционалната практика на учење преку копирање на делата на минатите мајстори.

Лувр ги има отворено своите порти за овие луѓе уште од 1793 година, само еден месец откако Марија Антоанета беше обезглавена и палатата на Луј XIV беше претворена во музеј отворен за јавноста. Тогаш беше прогласено дека секој уметник ќе добие бесплатно сликарско платно за да се обиде да наслика едно од познатите ремек-дела. Ова сè уште важи и денес.

Овие сликари имаат три месечна дозвола да работат во Лувр, а галериите им се отворени од 9:30 до 13:30. Оваа практика се случува од септември до јуни, секој ден освен саботи и празници. Откако нивните дела се завршени, тие внимателно се проверуваат од официјални лица од Лувр задолжени специјално за оваа проверка, за да се осигурат дека тие ги исполниле нивните строги барања. Платната мора да бидат една петтина помали или поголеми од оригиналот и потписот на оригиналниот уметник не смее да се копира. Откако ќе се исполнат овие заштитни мерки, на сликите им се става печат и потпис од страна на директорот за заштита од фалсификатори и тие се испратени од Лувр со ремек-дело во рака.