Истражување – ВАКЦИНИРАНИ или НЕВАКЦИНИРАНИ, кои деца се поздрави?

2278

Многумина би сакале да веруваат дека владините организации и институции се основани со цел да ја заштитат нацијата и новите генерации. Меѓутоа, како што одминува времето, а на површина испливуваат мошне бизарни факти, станува сѐ потешко да се поверува дека споменатите институции се засновани со единствена цел – да ги заштитат своите граѓани.

Меѓународната јавност е вознемирена од помислата дека цел на одредени групи, во чиј интерес е единствено профитот, стануваат и децата. Владите и здравствените агенции гласно и агресивно ја промовираат употребата на вакцините, чие дејство на долги патеки, сѐ уште не е кристално разјаснето.

Независни истражувања веќе почнуваат на виделина да изнесуваат мошне вознемирувачки факти поврзани со употребата на вакцините.

На 27 април, еден американски институт што се занимава со истражување на безбедноста на децата при употреба на лекови, (CMSRIспроведе истражување во кое биле опфатени 666 деца на возраст помеѓу 6 и 12 години. Од нив 261 не биле вакцинирани, а 405 биле редовно вакцинирани, или пак, имале примено дел од пропишаните вакцини.

Двете групи биле испитувани на евентуални појави на хронични, ментални или автоимуни заболувања.

Резултатите се вознемирувачки:

Вреден за внимание е и фактот дека, според американската здравствена статистика, во ’80-тите години аутизмот се појавувал кај 1 од 10.000 деца. Во ’90-тите, бројката била 1 заболено на 2.500, а денес, тој број е 1 на 66!

Деновиве во јавноста се појави информацијата дека американски суд изрекол оштета од вкупно 20 милиони долари, распределена врз разни основи во текот на неколку години, која ќе биде исплаќана на американско семејство, чија ќерка заболела од аутизам откако примила поливалентна вакцина.

Расчистување на маглата околу евентуалната поврзаност меѓу некои вакцини и појавата на аутизам неодамна најави и американскиот претседател Доналд Трамп, кој и самиот посочи неколку примери кога нормални и здрави деца, по примање на вакцина пројавиле аутизам и аутистичко однесување.