Најсмешната симулација на Роналдо (Видео)

590

Актуелниот европски првак Португалија, имаше неуспешен тест меч против Холандија и загуби убедливо со 0:3. Првата ѕвезда на теренот, Кристијано Роналдо, делуваше загубено. За прв пат сезонава, Роналдо не упати удар кон голот на противникот.

Освен што беше слаб во нападот, Кристијано овојпат се покажа и како слаб глумец. Во една ситуација тој наместо да ја шутне топката, со копачката „заринка“ во земјата и падна. Иако се гледаше дека се работи за неспретна реакција на играчот, Роналдо веднаш побара да добие фаул, но судијата многу добро забележа дека воопшто немаше контакт со ниту еден противички играч.

Ова дефинитивно е една од најлошите симулации на Роналдо.

sportmedia.mk