Ова се најдобрите продолженија на познатите видео-игри

572

Креирањето на продолженија од игри може да биде многу незгодна работа. Покрај тоа што ќе се борите со често нереалните очекувања на фановите, пред себе имате задача да направите игра која ќе може да се носи со претходните делови.

Често во таквите случаеви, продолженијата се само “испеглана верзија” на нивните претходници, но има и видео-игри кои се едноставно фантастични. Во продолжение, Ви издвојуваме неколку продолженија на игри кои го освоија целиот гејмерски свет:

Fallout 3

Навистина биле потребни голем труд и храброст за да се одведе оваа позната франшиза во друг правец од оној кој нè привлече од старт. За овој дел од играта, Bethesda одлучија таа да се карактеризира со перспектива од прво лице наместо изометриската перспектива – потег кој ги налути старите фанови, но привлече милион нови. Апокалиптичната верзија на Skyrim се покажа како полн погодок.

Street Fighter 2

Оваа генијална old-school игра израдува многу фанови со своето продолжение, кое со сигурност тврдиме дека е многу подобро од првиот дел.

Half-Life 2

Задржувајќи ја фантастичната атмосфера од оригиналот, продолжението на оваа игра се искачи на ново ниво. Таму не сте веќе врзани за една локација, туку се борите против окупаторите ширум целата планета. Еден од деталите кои ја “зацементираа” оваа игра како најдобра е воведување на револуционерниот Gravity Gun. Не постои игра која не го копирала овој концепт или гејмер кој не се замислувал себеси како ја води Alyx Vance на еклери.

Mass Effect 2

Mass Effect е одличен пример како се прави продолжение на една видео-игра. Апсолутно секој аспект од играта е подобрен – командите во борбите се подобри, развивањето на ликовите е многу потемелно итн. Освен приказната, и самата графика е подобрена, што е резултат со кој не може да се пофали баш секое продолжение.

GTA 3

Ако се потсетите како изгледаше GTA 2, веднаш ќе Ви стане јасно зошто оваа игра се најде на листата на најдобри продолженија. Брканицата со автомобили од птичја перспектива и стапчињата од луѓе кои се шетаат по улица ja замени играта во трето лице. Освен тоа, ова е една од ретките продолженија на игри која е направена од темел со преземање на најдобрите делови (приказната и концептот) од нејзиниот претходник.