Nike ги претстави новите LeBron 15 “Neon” патики

2708

Петтото и последно издание на патиките LeBron Watch наскоро ќе се најдат во продажба.

Овие нови патики се инспирирани од моделот Air Max 95, кои се омилени патики на популарниот кошаркар Леброн Џејмс. LeBron Neon 15 се креирани да бидат удобни и лесни за носење, но и да овозможат максимална подвижност, така што со задоволство ќе уживате во спортовите како што се кошарка или трчање.

Направени се од многу лесен и воздушест материјал така што не се наменети за носење на дождливо време, но одлични се за сува и топла временска прогноза. Мекиот ѓон и посебно дизајнираната “обвивка” на патиките пружаат одлична потпора на стапалото и зглобот, така што ќе имате помал ризик од повреди додека го носите моделот.

Nike LeBron 15 Neon се официјално претставени на 25-ти март и наскоро ќе се најдат во продавниците ширум светот, а цената на еден пар изнесува 200 долари.