И Xiaomi може да се пофали со сопствен „гејминг“ лаптоп

1030

Кинеската компанија Xiaomi и официјално влезе во светот на „гејмингот“ со претставувањето на новиот гејмерски лаптоп едноставно наречен Mi Gaming Laptop.

Станува збор за првиот гејмерски преносен компјутер на кинеската компанија кој што засега, ексклузивно е достапен само за купувачите на кинескиот пазар. Овој лаптоп беше претставен на истиот евент кога Xiaomi го претстави новиот паметен телефон Mi Mix 2S за кој што велат дека е подобар од iPhone X, а има двојно помала цена.

Mi Gaming Laptop на Xiaomi има 15,6-инчен екран и Nvidia GTX 1060. Потоа, опремен е со седмата генерација на Intel Core 7 процесорот, има 16 GB RAM меморија, 256 GB SSD и „обичен“ хард диск од 1 TB.

Лаптопот чини 1,430 долари, а во понудата има и поевтина варијанта чија што цена се уште не е позната, но познато е дека поевтиниот Mi Gaming Laptop ќе пристигне со графичка картичка Nvidia GTX 1050 Ti, 8 GB RAM-a и 128 GB SSD, како и хард диск со капацитет од 1 TB.

Двете верзии на лаптопот поседуваат USB 3.0 и USB-C портови, како и HDMI и 3,5 милиметарски аудио влез.

Дали првиот гејминг лаптоп на Xiaomi ќе се појави и на европскиот и американскиот пазар, засега се уште е непознато.