Таа е најдобрата наставничка на светот која научила 35 јазици за да може да комуницира со своите ученици!

1450

За да може да комуницира со своите ученици, помеѓу кои голем број се емигранти, британката Андриа Зафираку научила 35 јазици. Токму поради тоа, таа ја освоила наградата за “Најдобра наставничка на светот” и милион долари.

Зафираку предава уметност и текстил во државното училиште во Алпертон, кое се наоѓа во сиромашен мултиетнички кварт во Лоднон. За да може да комуницира со учениците, помеѓу кои голем број се емигранти, таа научила 35 јазици.

“Секоја култура која можете да ја замислите постои во ова училиште. Овде се зборуваат речиси 35 различни јазици. За речиси 85 % од нашите ученици, англискиот јазик е дополнителен”, рекла Андриа.

Како што раскажува, не е важно тоа што учениците не знаат англиски, во училиштето им помогнуваат да ги развијат своите вештини и да си ја подигнат самодовербата.

Покрај тоа што ја негува различноста, ова е една од најсиромашните области во Британија.

“Учениците се во допир со банди, насилство и тоа е поразително”, истакна наставничката и додала дека основала и бокс клуб.

Бокс клубот им помогнува квалитетно да го потрошат времето, да научат самоодбрана, да работат на самодоверба и да не бидат на улица во вечерните часови.

“Не е важно од каде си и и кој си, нè присилува максимално да го искористиме нашиот потенцијал”, се сложиле сите ученици.

Наставничката исто така се изборила да ја промени наставната програма за да им се приближи на учениците. Таа била помеѓу 10 финалисти од 30.000 кандидати од целиот свет кои се пријавиле на меѓународниот напревар чија цел е да се врати угледот на наставникот. Наградата го обврзува наставникот уште најмалку 5 години да се занимава со таа работа.

Свеченоста се одржала во Дубаи, а вечерта ја одбележа и светскиот првак во Формула 1, Луис Хамилтон, кој всушност ја донел оваа награда.