Казнувањето на децата во училиште влијае врз нивното психичко здравје

561

Растечката популарност на применуваната политика за “нула толеранција” на недоличното однесување во училиштата во Велика Британија доведува до нарушување на психичкото здравје на децата, пренесуваат британските медиуми.

Некои наведуваат дека честото казнување, кое подразбира останување после часови, изолација и екскомуникација на децата кои ги кршат правилата, претставува “ништо помалку од малтретирање на децата”, вели Џонатан Редифорд, наставник од Самерсет.

Тој наведил еден пример кога девојче разговарало на телефон за време на час, свесна дека тоа не е дозволено, поради што била отстранета од часот. Проблемот е во тоа што разговарала со нејзината мајка, припадничка на британската војска, која се наоѓа во мисија во Ирак и која не ја чула еден месец.

“Таквото казнување нема да ни помогне да создадеме силни и отпорни луѓе, полни со самодоверба”, вели Редифорд.

Наставникот од Лондон, Мајкл Холанд овој вид на казнување го нарекува сурово, викторијанско, како од времето на Чарлс Дикенс, пренесува Телеграф.

Во почетокот на годината, директорот на училиштето во Грејт Јармут, Бери Смит, кое се популаризирало по забраната на децата со неуредна фризура да доѓаат во училиште, воведе забрана и за џвакање мастики во училиштето. Родителите се жалеле дека децата кои џвакале мастики биле затворани во излорани простории.

Помалку бизарно звучи податокот дека децата од Трговската академија во Бристол биле казнувани поради чевлите, бидејќи не им биле доволно сјајни. За казна морале да стојат мирно и да гледаат во ѕидниот часовник. Децата морале да носат ленти околу вратот со наптисот “Имам 24 часа да ја доведам мојата униформа во ред”.

“Наставниците се многу загрижени поради степенот на анксиозност кај децата, самоповредувањето и незадоволството до кое сето тоа се доведува”, вели Мекнил.