Научниците измислија четврти вид чоколада

555

Радувајте се, обожувачи на благо, имаме нова чоколада во светот. Не, не се работи за некоја модерна измислица на претходно постоечка чоколада преуредена како некоја вкусна Рубикова коцка – ова е првиот сосема нов вид на чоколада, откако белото чоколадо беше последно претставено пред светот пред 80 години.

Како што може да видите од фотографиите и видеото во оваа статија, тоа е прилично розево, но тоа не се должи на употреба на прехрамбени бои. Руби чоколадата се произведува од Руби зрна какао , кои содржат такви пигменти.

Вкусот му е доста овошен и малку киселкаст. „Бери Калебаут”, компанија со седиште во Цирих, која поминала 13 години развивајќи го ова ново чоколадо, за медиумите го опишува како “интензивно сетилно задоволство”, додавајќи дека тоа е “комбинација на овошкаст вкус и сочна текстура што се топи во уста”.

Четвртиот вид на чоколадо беше претставен пред светот на ексклузивен настан во Шангај, а во јануари годинава Нестле Јапонија го промовира своето прво Кит Кат Руби чоколадо кое е достапно за јавноста.

Во моментов, составот на чоколадото останува мистерија. Темното чоколадо има  високо количество на какао, ниско на млеко; белото чоколадо е спротивно, а млечната чоколада е некаде помеѓу. Каде точно Руби чоколадата се наоѓа во овој спектар? Дали навистина е направено само од зрната, како што некои тврдеа? Ќе дознаеме наскоро.

Едно нешто е јасно во овој момент – оваа естетски пријатна чоколада изгледа навистина интересно, да се надеваме дека колку што задоволува на очи ќе задоволува и на вкус!