Како до поголема продуктивност?

2708

Можеби звучи контрадикторно, но според едно ново истражување, зафатеноста е клучна за исполнување на обврските кои инаку не би ги исполниле, особено ако веќе сте го пропуштиле крајниот рок.

Истражувањето се заснова на пет различни студии со кои се опфатени илјадници луѓе и се фокусира на тоа како да ја задржиме мотивацијата кога сме свесни дека нема да ја завршиме работата на време. Се чини дека чувството на неуспех е клучно!

За оние кои ќе останат зафатени и ќе продолжат да работат, чувството на срам и вина ќе биде помалку видливо, што значи дека ќе има поголема веројатност да се навратат назад и да ја завршат работата, иако е малку доцна за истата.

Но, за оние кои нема да имаат супер исполнет распоред, чувството на вина во комбинација со недостатокот на мотивација значи дека има поголема веројатност едноставно да се откажат од тоа што треба да го направат.

Овој ефект се јавува поради тоа што зафатените луѓе имаат тенденција да сметаат дека ефективно го користат своето време, што го ублажува чувството на неуспех кога ќе го пропуштат крајниот рок за исполнување на одредена обврска.

ProductiveЗначи, ако имате многу малку време, се’ додека го користите ефикасно ќе ја задржите мотивацијата, дури и ако треба да сработите многу повеќе отколку што можете. А ако сакате да ја зголемите продуктивноста, земете уште повеќе работа. Можеби ќе пропуштите неколку крајни рокови, но ќе завршите многу повеќе работа.

Извештајот е објавено во „Journal of Personality and Social Psychology“.