СУГС „Георги Димитров“- Скопје во соработка со Македонскиот олимписки комитет го одбележа 6 АПРИЛ – МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА СПОРТОТ ЗА РАЗВОЈ И МИР

3908

Со цел промоција на Олимпизмот и спортот, образованието, здравиот начин на живот, развојот и мирот во светот, нашите ученици активно се вклучија во повеќе училишни настани по повод 6 Април. Учествуваа во креативна ликовна изложба, литературен конкурс, натпревари по ракомет, кошарка, одбојка, фудбал, пинг понг и атлетика.

Во училишниот двор и на спортските терени на училиштето присуствуваше градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, претседателот на Македонскиот олимписки комитет , д-р Васил Тупурковски, претставници на МОК, спортисти, спортски работници и професори.

Учениците заедно со гостите направија заедничка фотографија со покажување „бел картон“- симбол на мирот и развојот преку спортот. За потребите на наставата, Македонскиот олимписки комитет подари спортска опрема, книги и реквизити.