Што претставува сезонско афективно растројство?

2623

За луѓето кои живеат со сезонско афективно растројство зимата може да донесе многу повеќе од студ, силен ветар и снег; таа може да предизвика чувство на безнадежност и депресија. Според едно ново истражување, се докажува дека жените можеби се повеќе склони кон сезонско растројство во споредба со мажите.

Истражувачите од Универзитетот во Глазгов во Обединетото Кралство открија дека жените е многу поверојатно да доживеат симптоми на депресија во зимските месеци отколку мажите.

Коавторот на студијата, Даниел Смит, од Институтот за здравство и благосостојба во Глазгов, заедно со својот тим неодамна ги објави своите резултати во дневникот „Journal of Affective Disorders“.

Сезонското афективно нарушување е форма на депресија која се појавува и се губи со менувањето на годишните времиња. Се проценува дека сезонското афективно нарушување влијае на околу 5 отсто од луѓето во САД во секоја година.

Симптомите на сезонско афективно растројство вклучуваат чувство на депресија, безвредност, намалена енергија, замор и недостаток на интерес за активности коишто претходно биле пријатни за извршување (андедонија). Сезонското афективно нарушување најчесто се појавува со почетокот на есента, а завршува со почетокот на летото.

Претходни истражувања покажале дека жените имаат многу поголеми шанси да страдаат од сезонско растројство отколку мажите. Со цел да дознаат повеќе за тоа како манифестацијата на растројството се разликува според полот, Смит и неговиот тим спровеле анализа на повеќе од 150.000 возрасни лица.

Истражувачите ги следеле симптомите на депресија на учесниците во текот на секое годишно време, како и симптомите на ниско расположение, андедонија, замор и тензија. Тимот, исто така, ја разгледувал поврзаноста помеѓу симптомите на депресија, должината на деновите и просечните надворешни температури.

Анализата покажала дека жените доживеале сезонски варијации во симптомите на депресија, како и симптоми на замор и анедонија, додека овие сезонски варијации не биле пронајдени кај мажите. Истражувањето покажало дека симптомите на депресија, замор и анедонија кај жените беа најизразени во зимските месеци.

Дополнително, истражувачите откриле дека подолгите денови биле поврзани со намалување на ниското расположение и анхедонија кај жените, но, исто така, биле поврзани со зголемување на заморот.

Според Смит, нивната студија обезбедува понатамошни докази дека жените може да бидат повеќе склони кон сезонски варијации во депресијата отколку мажите.

„Се разбира, ова е комплексна, но важна област која бара понатамошно проучување. Медицинските лица треба да бидат свесни за половите разлики кога станува збор сезонското расположение за да можат да помогнат во препознавањето и лекувањето на депресивните симптоми во текот на целата година“, велат истражувачите.