Заврши првата мобилност во рамките на проектот “СИТЕ СМЕ РАЗЛИЧНИ, СИТЕ ЗАЕДНО СМЕ ЕВРОПА”, поддржан од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност на Република Македонија

3084
Title

Во периодот од 19 до 25 февруари оваа година како што и беше најавено Средното економско правно училиште на Град Скопје Васил Антевски-Дрен, беше домаќин на ученици, професори и директори на училишта од четири различни земји и тоа: Португалија, Турција, Шпанија и Латвија.

Посетата се одвиваше во рамките на проект добиен од програмата ЕРАСМУС+, преку Националанта Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност.

СЕПУГС Васил Антевски Дрен како партнер училиште во овој проект имаше задача да ја организираи да ги спроведе активностите планирани со првата мобилност.

Во еднонеделното дружење беше избрано официјалното лого на заедничкиот проект, беа одржани бројни семинари и обуки соодветни на темата која се обработува со проектот (мултикултура, запознавање на различни култури и кршење на стереотипи).

Гостите имаа можност да посетат дел од многуте убавини на Градот Скопје, како што се Кањонот Матка, Македонско Село, Старата Турска Чаршија, Плоштадот Макеоднија и познатото Дебар Маало.

Учениците споделија различни искуства од своите култури, пробаа традиционална македонска храна и само за една недела научија неколку фрази од другите јазици.

Во училиштето беше организирана и Македонска култура вечер, на која беа претставени традиционални македонски танци, вкусна храна, стари игри и познати песни.

На крајот од неделата како што и беше планирано во проектната апликација, сите учесници во проектот беа на еднодневна екскурзија во Охрид, каде што ги посетија црквата Св. Канео, Плаошник, Охридската чаршија и Заливот на коските.

По завршување на мобилноста училиштето и вработените во него може да се пофалат со успешно завршена мисија и исполнување на сите цели планирани во проектот. Гостите си отидоа со добра мисла за нашата земја, збогатени знаења за нашата култура и желба повторно да се вратат.