Учениците од ПСУ Јахја Кемал учествуваа на ‘‘Golden Climate International Environmental Project Olympiad‘‘ во Кенија и освоија медали

2744

Во Кенија Наироби од 06 април до 09 април 2018 се одржа Осмиот по ред Golden Climate International Environmental Project Olympiad (Олимпијада на проекти “Златна клима” ).

Се пријавија околу 1000 проекти од 19 земји и 204 проекти беа финалисти.

Од Република Македонија во финалето се пласираа 4 проекти со 7 ученици.

Од овој меѓународен натпревар по еколошки проектиː

ПСУ Јахја Кемал – Карпош учениците Анда Касапи и Луиза Елези

ПСУ Јахја Кемал – Струга учениците Емел Абуш и Рилјета Јонузи се закитија со Сребрена Медаља,

ПСУ Јахја Кемал – Карпош учениците Никола Камов и Сања Картова и

ПСУ Јахја Кемал – Тетово ученичката Ивана Матоска се закити со Бронзена Медаља