Дали експанзијата на факултети донесе квалитетно образование

477

Дел од професорите велат дека има многу високообразовни институции и дека на сметка на квантитетот, квалитетот опаѓа. Укажуваат дека знаењето треба да биде сконцентрирано за да се произведуваат квалитетни кадри.

Дел од професорите велат дека состојбата во високото образование е загрижувачка и оти постои експанзија на високо образовни институции со низок квалитет. До нивниот коментар доаѓа по најавите дека со новиот закон за високо образование, Одборот за акредитација ќе се транформира во Агеција за квалитет, во која издвоено ќе делува одбор за акредиатција и одбор за авалуација.

Во суштина критиките се сведуваат на слаб квалитет на знаењето, кое студентите го стекнуваат на дел од факултетите и универзитетите. Тие посочуваат дека во изминатите десетина години наместо да се пристапи кон подобрување на состојбите на државниот универзитет, се отворија многу приватни и јавни универзитети и оти се пристапило кон отворање на приватни факултети како профитабилни организации.

Професор Владимир Петрушевски од Природно-математичкиот факултет во Скопје, вели дека во Македонија има најмалку 25 високообразовни институции од кои шест се државни.

„Ние сме го пробиле плафонот од она што е потребно во Македонија. Прво во поглед на државните универзитети, ако Србија со 7,5 милиони жители има 8 државни универзитети, Македонија со два милиони не може да има шест. Тоа не е вистинска потреба, причината за тие шест што постојат кај нас треба да се бара на друго место, не кај реалните потреби“, вели професор Петрушевски.

Во јавноста се потенцираат низа причини кои се согледуваат како слабост во функцинирањето на високообразовните институции, како што е недостаток на адекватно утврдени критеруми за проверка на квалитетот на наставта и на знаењето на студентите.

Од гледиште на општиот интерес, имајќи го предвид знаењето на поединечни студиски програми за општеството оправдано во расправата околу трансформацијата на одборот за акредитација се бара и во ова тело да членуваат луѓе со кредибилитет и желба да ги променат состојбите.

Професор Борче Давитковски од Правниот факултет во Скопје вели дека во изминатите 10 години Одборот за акредитација бил фокусиран на УКИМ и додава дека од новата Агенција за акредитациа и евалуција очекува да бидат засеганти образовните субјекти кои не исполнуваат условите за работа

„Треба да бидат засегнати сите оние кои врз основа на партиски линија се формирани како јавни универзитети без потреба да постојат и сите оние кои во високото образование гледаат некој профит, се мисли на приватните кои изникнаа како печурки, каде кој се запишал секој добил диплома, за разлика од ние што сме најстариот универзитет. Досега ако Одборот за акредитација покажуваше мускули во изминатите 10 години тоа беше на Универзитетот Св. Кирил и Методиј за да се дисциплинираат некои професори и факултети кои имаа епитет дека не ја подржуваа поранешната Влада и се бараа сите стандарди“, вели Давитоковски

Според него, иако државниот универзитет УКИМ во однос на квалитет на наставата е во предност пред останатите јавни и приватни универзитети студентите им даваат предност на полесните услови за студирање, а на УКИМ од година во година има се помал прилив на студенти.

Во меѓувреме, податоците за вкупниот број на запишани студенти на приватните факултети во Македонија зборува во прилог на тоа дека нема реална потреба од толку многу универзитети и факултетети.

Проректората на приватниот Факултет за општествени науки ФОН, професор Лидија Гурачинова – Илиева, вели дека основањето на приватните универзитети пред 15 години беше овозможено со цел да се подигне квалитет во високото образоавние и додава дека се согласува дека некои приватни институции не ја оправдале оваа важна улога.

„Но, да се посочуваат во целина приватните универзитети како единствени виновници за евидентно опаднатиот квалитет на високото образоване е неодговорно и неточно. Парите не играат речиси никаква улога. Потврда за тоа наоѓам во фактот дека според официјалните статистички податоци само околу седум отсто од студентите во Македонија се запишуваат на приватни факултети, а тоа значи дека нивното влијание е незначително, односно дека важи спротивното, а тоа значи дека државните факултет го детерминараат квалитетот односно неквалитетот“, вели професор Гурачинова.

Професорите нагласува дека во иднина клучно е државата преку своите институции одговорно да работи и да го проверува и стимулира квалитетот во високото образование според европски стандарди.