КОНЕКТ фестивал во Корчагин: Животните приказни на неколку наши успешни и познати луѓе

609

Од денес па до 27 април, во 5 средни училишта од Скопје, ќе се оддржи второто издание на Конект Фестивал, првиот македонски средношколски фестивал.

Конект Фестивал, во организација на средношколци од четири средни училишта („Никола Карев”, „Орце Николов”, „Јосип Броз Тито” и „Георги Димитров”), на кои од оваа година им се приклучуваат и средношколците од „Раде Јовчевски Корчагин“, е фестивал кој има за цел да ги мотивира и интегрира сите средношколци да учествуваат во настани надвор од училишните активности.

Едукативниот, трет настан, ќе се оддржи во „Раде Ј. Корчагин“, каде ќе можете да ги слушнете животните приказни на неколку наши успешни и познати луѓе кои во улога на говорници ќе се обидат да им ги пренесат своите професионални успеси и падови на средношколците.

Во среда во Корчагин, каде ќе си муабетиме заедно со поканетите гости. Токму овој настан ќе ни ја понуди можноста да ги слушнеме приказните, успесите и падовите на неколку еминентни и успешни личности.

-Се прашувате кој сè ќе дојде???

-Сашко Коцев – МНТ
-Димитар и Бане – REborn
-Марија Матовска – Social Impact Lab
-Стефани Спировска – МОФ

Каде и во колку???
-Место: Пацио (внатрешниот двор во Корчагин)
-Почеток: 19:30

Се што треба да направите е да си го понесете доброто расположение и добро да се припремите со прашања а за другото не се грижете.

Ве очекуваме во голем број со широко отворени раце 🙂