SEVDALIZA, светката арт-поп ѕвезда доаѓа на Д ФЕСТИВАЛ 2018!

2827

Авангардната поп ѕвезда и во моментов водечка трип-хоп уметница, Sevdaliza, ќе настапува на Д Фестивал 2018.

Со возбудени реакции беше пречекана веста низ македонските социјалните медиуми дека Sevdaliza ќе има свој настап на Д Фестивал оваа година.

На 8 јули, на главната бина на Д Фестивал, иранската мега-дива Sevdaliza ќе има свој концертен настап на кој ќе имаме можност за прв пат во живо да уживаме во песните „Human“, „That Other Girl“ и „Sirens of the Caspian“ и остатокот од нејзиниот деби албум „ISON“, за кој музичките критичари велат дека е предвесник на новата музичка ера.