Рандеву или Speed dating во Карев! На КОНЕКТ фестивал

631

Од денес па до 27 април, во 5 средни училишта од Скопје, ќе се оддржи второто издание на Конект Фестивал, првиот македонски средношколски фестивал.

Конект Фестивал, во организација на средношколци од четири средни училишта („Никола Карев”, „Орце Николов”, „Јосип Броз Тито” и „Георги Димитров”), на кои од оваа година им се приклучуваат и средношколците од „Раде Јовчевски Корчагин“, е фестивал кој има за цел да ги мотивира и интегрира сите средношколци да учествуваат во настани надвор од училишните активности.

Последниот фестивалски настан на Конект ќе се случи во средното училиште „Никола Карев“ каде учесниците во временска рамка од 5-10 минути ќе учествуваат во рандеву или брзо запознавање/speed dating.

Пред финалниот настан ќе пренесе пољубовна атмосфера. Петочки ќе се дејтаме во СУГС Никола Карев. Ќе се ужива со тивко музиче и по некое кафенце и сокче, во запознавањето на учесниците. Секој ќе има партнер и тема на разговор, актуелна кај нас младите. Не очекува многу дружење, нови познанства, а можеби и нова симпатија.

Конект Фестивал ќе биде затворен со музички настан на Школка во Градски Парк.

Се гледаме во 19:30 во Карев, ве очекуваме сите!