Околу 5.500 ученици ќе бидат дел од меѓународната студија ПИСА

1681

Околу 5.500 ученици од сите јавни и две приватни средни училишта и триесетина ученици на петнаесетгодишна возраст од основните училишта, оваа година ќе бидат дел од меѓународната студија ПИСА. Досега, според податоците од Државниот испитен центар, кој е национален реализатор на студијата, тестирањето успешно е спроведено во 85 средни училишта, додека со денешниот и утрешниот ден, од Министерството за образование студијата успешно очекуваат да се заокружи и во останатите. Со оглед на тоа, дека во тестирањето се вклучени и ученици од основните училишта, тестирањето за нив ќе биде спроведено по 1 мај.

„Резултатите од спроведената студија овозможуваат да се добијат валидни податоци за тоа колку добро учениците се подготвени за живот во модерни општества по завршување на учи¬лиштето, ставајќи акцент на применливоста на знаењата, вештините и компетенциите кои ги стекнале во текот на образовниот процес, а не колку добро учениците ги совладале наставните содржини што се предвидени со наставните програми и колкаво е фактографското мемори¬рано знаење. При мерењето со оваа студија не само што се утврдува дали учениците можат да го репродуцираат своето знаење, туку и се утврдува дали учениците можат да го екстра¬поли¬раат она што го научиле и да го применат тоа знаење во непозната средина, како и во и надвор од училиште. Овој пристап го одразува фактот дека модерните држави не ги награду¬ваат поединците за она што го знаат, туку за тоа што можат да направат со своето знаење, а воедно се добиваат сознанија и за социо-економските и образовните фактори кои влијаат на постигањата на учениците. Преку PISA истражувањето треба да добиеме одговор колку учениците на петнаесет¬годишна возраст знаат и се оспособени да го применуваат сопственото знаење“, информираат од МОН.

Бидејќи се работи за многу комплексна студија која опфаќа држави од цел свет и со строги процедури на реализација резултатите од ПИСА 2018 ќе бидат објавени на крај на 2019 година.