Отворен ден на УКИМ 05.05.2018 година

1689

Одлична можност за сите средношколци кои размислуваат за запишување на некој од факултетите на УКИМ. Информирајте се за можностите за студирање на најстариот и најдобро рангираниот универзитет во Македонија, со европски признати дипломи и избор на повеќе од 200 студиски програми.

Локацијата ќе биде во кругот на техничките факултети МФС, ФЕИТ, ФИНКИ и ТМФ од 10 до 17 часот.

За атмосверата ќе се погрижат Пеце од Суперхикс и DJ Irie Scratch.