Едноставни линии откриваат маестрални композиции во легендарни филмски сцени

1351

Во 2016 годината, Рејмонд Ти го зголеми ценењето на филмската кинематографија кај публиката. Преку неговата апликација „Composition Cam”, тој ги истакна брилијантните композиции на незаборавни сцени во легендарни филмови како „Сјаење”, „Истерувачи на духови”, „2001: Вселенска Одисеја”. Рејмонд неодамна ја прошири својата идеја со визуелно уште позачудувачки филмски и телевизиски композиции.

Рејмонд поставува светли розови линии за да покаже како е изградена секоја сцена. Преку едноставни форми како триаголници и кругови, како и поделба на половини и третини, тој покажува дека секој филмски кадар е всушност празно платно. Кинематографите ги користат истите упатства за композиција како уметниците, со дополнителен пресврт – нивното дело е постојано во движење. Кога ќе земете во предвид дека овие кадри се само еден мал дел од она што е вклучено во целото производство, го прави сево ова уште поимпресивно.

Од неговиот проект, Рејмонд создаде веб-страна наречена „Geometric Shots”, која е збирка на овие филмски и телевизиски кадри. “Она што е интересно за сајтот е дека сите слики се означени и категоризирани”, вели тој. “Кадрите се многу пријатни за гледање кога се претставени како група”, објаснува Рејмонд. “Дефинитивно можете да видите некои интересни шеми како, на пример, триаголните слики имаат силна корелација со моќта”.

Никогаш нема да ја сфатите големината на создавање филм или серија додека не видите вакво нешто.

The Wolf of Wall Street

Requiem for a Dream

Sherlock

Westworld

Stand By Me

Stranger Things

Breaking Bad

2001: A Space Odyssey

The Godfather

Dr. Strangelove or: How I Learned to Stop Worrying and Love the Bomb

Kill Bill

Metropolis

The Grand Budapest Hotel

Black Mirror

A Clockwork Orange