Ова е најпродаваниот паметен телефон од почетокот на оваа година

1359

И покрај бројните предвидувања, iPhone X е продаден во 16 милиони примероци што го прави најпродаваниот паметен телефон во првиот квартал од 2018 година.

Во првите три месеци од 2018 година, iPhone X успеа да се продаде во дури 16 милиони примероци, објави агенцијата за истражување на пазарот – Strategy Analytics. 

iPhone 8 и iPhone 8 Plus го заземаа второто и третото место од оваа листа со продажба од 12,5 милиони, односно од 8,3 милиони примероци.

“Веќе втор квартал по ред, iPhone X останува најпродаваниот паметен телефон на светот, првенствено поради совршениот дизајн, софистицираната камера, прилагодените апликации итн.”, изјавил Џух Винтер, сениор аналитичар во споменатата агенција.

“Apple досега продаде речиси 50 милиони примероци од iPhone X, откако тој беше пуштен во продажба во ноември 2017 година”, додал Винтер.

Xiaomi Redmi 5A и Samsung Galaxy S9 Plus се најдоа на листата на најпродаваните андроиди, со 4,5 милиони, односно, 5,3 милиони продадени уреди ширум светот.