Креативен маратон за решенија за подобро функционирање и живеење во Скопје

3233

Со технологија и креативност до подобар квалитет на живот во главниот град, е целта на тридневниот креативен маратон „Smart Cities: Rethinking how the city works and lives“ кој ќе се одржи од 11 до 13 мај во МКЦ, Скопје.

Над 100 млади во текот на три дена ќе се обидат да понудат иновативно решение кое преку примена на современата технологија ќе го подобри начинот на кој функционира и живее градот Скопје.

Ова е дел од концептот Smart Cities, кој е застапен во развиените земји и претставува еден од трендовите на иднината. Подразбира спој на знаења и производи од најразлични области кои поврзани преку технологија овозможуваат подобро урбано искуство за сите.

Креативниот маратон ќе започне со конференција на која истакнати професионалци – претприемачи од македонската бизнис сфера ќе го споделат своето искуство и знаење од областа на информатичките науки, дигиталниот маркетинг, развој на софтверски решенија и 3D и Game Design. Говорници ќе бидат: Хајан Селмани – HASELT, Глигор Дачевски – DOXTEAMИра Стефанов Бабиќ – BRANDUNION, Давид Павловски – Kiimo, Eлена Драгановска – InPlayer и Михајло Димитриевски.

По конференцијата, стартува тридневниот маратон во кои 100-те учесници ќе бидат поделени во тимови и ќе ги изработуваат своите предлог решенија. Во процесот ќе бидат менторирани од експерти. На крајот, решенијата ќе бидат презентирани пред комисија, а избраните победници ќе добијат и вредни награди.

Rethink креативниот маратон е наменет за сите млади и амбициозни студенти кои имаат интерес кон технологија или пак сакаат да ги збогатат своите вештини и знаења од современи технолошки области, како и познавања од бизнис сферата.

Целокупниот настан ќе се оддржува во просториите на Младинскиот културен центар. Подетални иформации и агендата за настанот се достапни на нивнатана веб страна и Facebook.