Најдобриот сувенир што можете да го купите од Амстердам

3245

Еден од најубавите градови во светот, холандската престолнина Амстердам, има голем проблем – гумите за џвакање се насекаде. Секоја година околу милион и пол килограми гуми за џвакање ги преплавуваат холандските улици, со што тоа е вториот најчест отпад во земјата, по догорчињата од цигари. Холанѓаните сега одлучија оваа маана да ја претворат во доблест и ги направиле првите патики од рециклирани гуми за џвакање собрани од улиците на Амстердам.