Сепак бил во право: Момчето гениј кое тврдеше дека може да го исчисти Океанот од пластика успеа во својата мисија

3248

Бојан Слат е 23 годишен Холандски пронаоѓач и претприемач кој започнал да основа инженерски проекти уште кога имал само две години и на 14 годишна возраст за прв пат го импресионира светот со Гинисовиот рекорд кога лансираше 213 водени ракети истовремено.

Но, Слат тежнеел кон нешто многу поголемо – да го исчисти океанот од пластики.

Во 2011 година, кога нуркал во Грција, Бојан забележал дека во водата имало многу повеќе пластика отколку риби. Поради тоа, тој одлучил целото свое време да го посвети кон прочистувањето на океанот од пластиките, одејќи најдалеку што може со своето знаење.

Две години подоцна тој ја пронајде организацијата The Ocean Cleanup и беше домаќин на настанот TEDx каде што зборуваше за својата идеја, односно да ги искористи природните водени струи. Тој прво го постави својот систем во Јапонија, но подоцна се фокусираше на отпадот во Големиот Пацифички Океан или Тихиот Океан, поставувајќи си за цел да го исчисти половина од пластичниот отпад за пет години.

The Ocean Cleanup развиле технологија која им помогнала во чистењето на океанот од пластиката и откако собраа 2,2 милиони долари, организацијата започна огромно истражување во 2014 година. Тие го истражуваа отпадот во Тихиот Океан за да го подготват за целосно распоредување до 2020 година. Користејќи ги добиените податоци, тие развиле технологија и започнале да го лансираат првиот систем за прочистување на океанот во средината на 2018 гдина.