Универзитет што ја креира иднината на студентите во секој аспект

1924

Ретко кој Универзитет, па и факултет толку посветено се грижи за своите студенти во текот на која било фаза од студирањето, како што тоа го прави Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити колеџ.

Квалитетната образовна програма, врвните и светски реномирани професори, воспоставување релации со компании за можни идни вработувања се само основните и највисоко на листата, придобивки што студентите ги добиваат при студирање на овој факултет. Реномето што Универзитет го поседува, се пренесува и позитивно влијае на студентот односно кандидатот за која било работна позиција, а уште дополнително Универзитетот Шефилд а и Меѓународниот факултет, како една негова единица инсистираат, поттикнуваат и мотивираат за континуирано образование, надградување на сопственото интелектуално ниво и професионална експертиза.

Ако овие специфики не се доволни да го издвојат Универзитетот Шефилд, како најдобра опција за студирање, листата со факти продолжува и надвор од факултетската единица. Имено, Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити колеџ, во периодот јуни и јули 2018 година, организира годишен собир за своите студенти во завршна година од студиите за менаџмент и бизнис администрација од различни држави.

Собирот на студентите е претставен како EMБA студиска недела и опфаќа посета на Универзитетот Шефилд во Велика Британија, разни тематски семинари, комбинација на часови како и активности во рамки на посетите на разни компании. Покрај едукативни активности, коишто се целта на посетата, на студентите уште им се нудат и бројни интерактивни активности и во слободното време, кои вклучуваат запознавање на локалната култура, историја и традиција, организирани посети на знаменитости и турнеи низ градот. А соодветно на долгогодишната традиција на овој престижен Универзитет, исто како и секоја година, за учесниците на овој годишен собир се организира прием за пречекување, којшто се одржува во една од најсовремените простории на Школата за менаџери.

Овој вид годишен студентски собир гради силни врски меѓу студентите и идните професионалци и тоа на глобално ниво. Има неспорно и огромно социјално влијание врз учениците, обезбедува ексклузивна можност за мрежно поврзување и е уште еден атрибут на познатиот, угледен Универзитет во кој учесниците ги шират своите знаења, создаваат база за извонреден професионален развој и се забавуваат во исто време.