5 апликации кои Вашето патување ќе го направат повозбудливо и поубаво

3468

Во последните години, благодарејќи на технологијата и пристапот кој го имаме, патувањата станаа повеќе пристапни и полесни од кога и да било. Илијадници апликации се направени со цел да го намалат стресот кој доаѓа со планирањето.

Како изгледа улицата во која е Вашето сместување? Постои ли вегански ресторан во близина? Што да понесете?

Овие апликации се бесплатни и секако можат да Ви помогнат беспрекорно да го испланирате Вашето патување!

Memrise

Патувањето на глобално ниво може да биде прилично збунувачки доколку не го познавате јазикот на земјата или културата. Оваа апликација може да Ви помогне да научите различни јазици “The-go” предавања во широк распон на повеќе од 200 јазици.

WiFi Map

Пронаоѓањето на WiFi може да биде стресно доколку сте авантуристи додека го истражувате светот, последната работа која ни е потрeбна при враќањетo дома е трошењето роамниг на телефонската сметка. WiFi ги прикажува сите пристапни точки околу Вашата моментална локација и Ви ja покажува лозинката која келнерот или продавачот нејасно ни ја кажува.

Chatnbook

Наједноставно кажано, оваа апликација може да се опише како Тиндер за хотели. Ова апликација овозможува внесување на Вашите преференции во поставки ( бесплатен WiFi, оцени итн.)

MyPanda

Апликацијата која ја мери сигурноста на подрачјето со помош на GPS е основана како одговор на терористичките напади во Париз во 2015 година и ги предупредува корисниците на сите закани во нивното непосредно подрачје. Во одбрани градови, апликацијата ја прикажува најблиската полициска станица и начин како најбрзо да стигнете до таму.

AirHelp

Колку пати сте морале да се откажете од летот во последен момент, а авио компанијата Ве измачува за парите? AirHelp доаѓа во помош! Оваа неверојатна апликација Ви помогнува да го добиете соодветниот надоместок за откажаните, задоцнети или презакажани летови.