Изчезната македонска граматика пронајдена од јапонски професор

1577

Јапонскиот професор Мотоки Номачи во Градскиот архив на Москва ја пронашол Граматиката на македонскиот јазик, напишана во 1947 година од рускиот професор Самуил Борисович Бернштејн, која никогаш не била објавена и се сметала за исчезната 70 години. Граматиката била нарачана од Презиудиумот на АСНОМ, но откако во 1947 година се влошиле советско-југословенските односи поради резолуцијата за Југославија на Информационото биро, подготвениот слог во печатницата бил растурен и оттогаш му се губи трагата на ракописот.

Неверојатната приказна за патот на граматиката за САКАМДАКАЖАМ.МК ја сподели Номачи, професор на Универзитетот во Хокаидо, кој утре во 10, 20 часот во Македонската академија на науките и уметностите ќе говори за неа на Меѓународната научна манифестација „Македонистички денови во МАНУ“. Домаќин на конференцијата е проф. Марјан Марковиќ, раководител на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика во МАНУ, кој нѐ воведе во приказната за изгубената граматика.

Номачи се занимава со славистика и пред сѐ го интересира граматичката типологија на словенските јазици, а истовремено се занимава со социолинвистика и со историја на славистиката (Фото: М. Златевска)

Самуил Бернштејн (1911–1997) е основач на Катедрата за словенска филологија на Универзитетот Ломоносов во Москва, Русија, а надворешен член на МАНУ бил од 1969 година. Во 1938 година е меѓу првите научници кој го изделува македонскиот јазик како засебен во јужнословенската група.

Академик Блаже Ристовски во 2014 година објавил статија во Зборникот на Филолошкиот факултет „ Рускиот славист С. Б. Бернштејн во историјата на современиот македонски литературен јазик по повод стогодишнината од неговото раѓање“ во која наведува податоци за граматиката и дека и се губи трагата. Ова се извадоци од статијата на академик Ристовски: