Виталиа создава здрави навики за исхрана кај децата од рана школска возраст

2942

Компанијата за здрава храна Виталиа во рамките на својот успешен проект „5-ка за здрава храна”, веќе 6 години врши едукација на најмладите за важноста на правилната исхрана. Овој пат ја продолжи својата мисија во основното училиште “Браќа Миладиновци” во Скопје.

Со интерактивното предавање на специјалистот за нутриционизам на Виталиа – Марина Релушкоска, децата од 4-то и 5-то одделение имаа можност да се запознаат со основите на здравата исхрана, да научат кои се основните нутритивни групи на храна, што е здраво а што штетно за деца во развој и како да најдат здрава замена за нивните омилени слатки.

На голема радост на Виталиа, младите од училиштето “Браќа Миладиновци” покажаа исклучителна зрелост и заинтересираност кога станува збор за нивните прехранбени навики, поставуваа прашања и даваа интересни примери од нивното секојдневие за тоа што значи да се одбере здравата опција.

На крајот од предавањето Виталиа приреди и малa “коктел” забава за децата со здравите производи од нивната линија – мусли прачки, сокчиња од алое и разно сушено овошје.

Проектот под слоган “5-ка за здрава храна” за компанијата е од посебно значење и е наменет за сите основци и средношколци, а Виталиа го иницираше со цел да ја подигне свесноста за тоа што младите секојдневно внесуваат во својот организам и какво влијание има тоа врз нивниот целокупен развој.

Ова покажува дека заложбите за промоција на општествената одговорност на Виталиа преку здравата исхрана вродува со плод, и дека младите се вистинскиот фокус на кој општесвото треба да се посвети доколку сакаме вистински и позитивни промени во иднината.

Со оглед на летните распусти, проектот “5-ка за здрава храна” продолжува од септември во основните и средни училишта низ Македонија.