Изненадување: Ова е најпродаваниот Андроид на светот

2692

Xiaomi зазема се поголем удел на глобалниот пазар, најмногу на пазарте во Азија и Европа, а паметниот телефон на кинеската компанија – Redmi 5A е најпродаваниот Андроид во март.

Рецептот за успехот на кинеската компанија е добро познат – што е можно подобар хардвер по што е можно попристапна цена. Сега е јасно дека сето тоа вродува со плод, затоа што во Xiaomi задоволно ги тријат рацете.

Нивните телефони се посебно популарни во Кина, но и на другите пазари каде што кинеската компанија бележи зголемена продажба.

Во својот извештај за испорака на телефони во првиот квартал од оваа година, аналитичките компании Counterpoint Research и Canalys го нагласија токму големиот успех на Xiaomi.

Според Counterpoint Research, нивниот Redmi 5A е најпродаваниот паметен телефон на светот во март, веднаш после iPhone X и iPhone 8 Plus. Тоа значи дека телефонот Redmi 5A на Xiaomi е најпродаваниот Андроид на светот, а воедно и најуспешниот модел на кинеската компанија која што за прв пат постигнува таков успех.

Инаку, плановите на Xiaomi во последно време на големо се фокусирани на Европа. На пример, иако во Шпанија се присутни од крајот на минатата година, Xiaomi таму е веќе третата најголема компанија, а во освојувањето на европскиот пазар ќе помогне и новата стратегија на компанијата – отворање на специјализирани продавници.

Што се однесува до моделот Redmi 5A, овој телефон на Xiaomi доаѓа со екран со дијагонала од 5-инчи и резолуција од 720х1280 пиксели, работи на процесор Snapdragon 425, има 3 GB RAM меморија и камера со резолуција од 13 мегапиксели.