Младински шаховски турнир „Квалитет 2018“ во соработка на Јахја Кемал и  шаховскиот клуб Гамбит Ассеко – сее

2854

Приватнотото основно училиште „Јахја Кемал“ и  шаховскиот клуб „Гамбит Ассеко – сее“ организираат Младински  шаховски  турнир „Квалитет 2018“ во три категории:

ОПЕН турнир – натпреварувачи родени 1998 и помлади

А турнир – натпреварувачи родени 2010 и помлади

Б турнир  – натпреварувачи родени 2008  и помлади

Турнирот ќе се одржи од 23.05.2018 до 27.05.2018 година во просториите на приватното основно училиште „Јахја Кемал јуниор“ во населба Карпош –Скопје.

Право на играње имаат сите млади шахисти родени 1998 и помлади кои имаат рејтинг до 2100 поени.Организаторот го задржува правото да повика и играчи над оваа старосна граница, но не и над максималниот рејтинг.

Пријавување најдоцна до 22.05.2018 година на тел.+ 389 71 320 388 Орце Данчевски или на е-маил odancevski@yahoo.com

Се играат 8 (осум) кола по швајцарски систем и тоа:

23.05.2018 Среда 18:00                      24.05.2018 Четврток 9:30

24.05.2018 Четврток 16:30                  25.05.2018 Петок 9:30

25.05.2018 Петок 16:30                       26.05.2018 Сабота 9:30

26.05.2018 Сабота 16:30                     27.05.2018 Недела  9:30

Темпото на игра е 90 минути по играч до крај на партијата, со додаток од 30 секунди за секој одигран потег, почнувајќи од првиот. Пишувањето на потезите е задолжително до крајот на партијата.

ОПЕН турнирот ќе се рејтингува во ФИДЕ, додека А и Б турнирот само доколку бидат исполнети условите за рејтингување.

Уписнина на турнирот изнесува 500 ден.

Наградниот фонд изнесува 2.320 евра, и тоа:

ОПЕН турнир:        I  400 евра      II   300 евра       III   250 евра          IV  200 евра

V   150 евра          VI  150 евра    VII  100 евра       VIII   100 евра

А турнир:              I  200 евра     II   150 евра        III   100 евра

Б турнир:              I  100 евра     II   70 евра          III   50 евра

Наградите се делат по Хортов систем, при што, при делба на место одлучува:

  1. бухолц (-1)       2. бухолц       3. поголем број победи          4. прогрес

За секоја старосна граница (8, 10, 12, 14, 16 години) се обезбедeни: пехар за победникот и медали за првите тројца пласирани шахисти.

Затварање на турнирот и доделување на награди ќе се одржи триесет минути по завршување на последното коло.

Судија на турнирот е ФА Тони Кироски.

Дозволена толеранција за доцнење на партија е 15 минути. Во салата за игра забрането е носење на мобилни телефони и други електронски уреди.

Организаторот обезбедува шаховски комплети за сите учесници.

ПРИЈАВУВАЊЕ:

-млади шахисти до 8 год.

http://chess-results.com/tnr349252.aspx?lan=21

-млади шахисти до 10 год.

http://chess-results.com/tnr349255.aspx?lan=21

– Опен шаховски турнир за млади шахисти до 20 год.

http://chess-results.com/tnr336605.aspx?lan=21