Поголем број наставници и професори ќе се вработат на неопределено време

2297

Владата на вечерашната 69. седница донесе одлука за вработувања на неопределено време во основните и средните училишта.

„Владата на седницата ја прифати информација за вработувањата во основните и средните училишта и донесе одлука Министерството за образование и наука да побара согласност од Министерството за финансии за вработување лица на неопределено работно време во дејноста на основното и средното образование за работни места за кои може да се оствари полно работно време“, се наведува во соопштението на владината прес-служба.