Кои се највредните автомобилски брендови во светот?

1218

Toyota го задржа епитетот на највреден автомобилски бренд и во 2018 година. По Toyota, следуваат Mercedes на второто, како и BMW кој се наоѓа на третото место.

Во однос на 2017 година, вредноста на јапонската автомобилска марка пораснала за пет отсто и сега изнесува 29,99 милијарди долари, објави компанијата Kantar Millward Brown во своето годишно известување за 2018 година.

Оваа компанија која се занимава со истражување на пазарот и рангирање на глобалните брендови, ја процени вредноста на второпласираниот Mercedes на 25,68 милијарди долари, додека третопласираниот BMW вреди 25,62 милијарди долари.

Инаку, овие два германски автомобилски брендови си ги заменија местата на листата во споредба со онаа од 2017 година, кога BMW ја држеше втората позиција, а Mercedes се најде на третото место.

Mercedes успеа да го надмине BMW благодарение на големите пазари како што се Кина, Бразил и Русија.

Од 4-тата до 10-тата позиција на оваа листа со ред се наоѓаат: Ford, Honda, Nissan, Audi, Tesla, Suzuki и Volkswagen.