Оваа земја ќе го забрани Фејсбук на еден месец – причината го изненади светот

4418

Папуа Нова Гвинеја ќе го забрани Фејсбук на еден месец, сè додека не се идентификуваат лажните профили и не се разгледа влијанието на оваа социјална мрежа врз жителите на земјата.

Министерот за комуникација Сем Базл изјавил дека корисниците кои објавуваат порнографија и лажни информации ќе бидат идентификувани. Базл исто така предложил земјата да направи сопствена социјална мрежа.

Фејсбук е под лупа по скандалот со Кембриџ Аналитика, а компанијата е критикувана и поради начинот на кој пробала да го реши проблемот со лажните вести.

Иако само околу 10 отсто од жителите на Папуа Нова Гвинеја имаат пристап до интернет, оваа земја покажала проактивен пристап во регулација на онлајн услугите.

Владата има за цел да ја искористи оваа месечна забрана за да направи анализа како се користи Фејсбук и кривично да ги гони оние кои го кршат законот за сајбер криминалот од 2016 година.

Министерот за комуникација додал дека ова време ќе овозможи собирање на информации за идентификација на корисниците кои се кријат позади лажните профили, корисниците кои објавуваат порнографски фотографии и корисниците кои објавуваат лажни и погрешни информации.

Порастот на т.н. “лажни вести” стана голем проблем за технолошките компании на глобално ниво. Тие се критикувани поради тоа што не ги предупредуваат корисниците кога информациите можат да бидат неточни.

Базл најавил можност за создавање на нови социјални мрежи за граѓаните на Папуа Нова Гвинеја за што ќе биде потребно земјата да ги ангажира своите програмери за развој на локални апликации кои ќе бидат погодни за комуникација.