Фејсбук припрема сопствена криптовалута?

4408

Најголемата кадровска рокада во историјата на Фејсбук открила, помеѓу останатото, дека оваа компанија има намера да развие блокчејн технологија, иако сè уште не е јасно со која цел.

Досегашниот директор на Фејсбук Месинџер, Дејвид Маркус, треба да го преземе водењето на тимот кој ќе биде задолжен за развој на блокчејн. Тој ќе одговара директно пред техничкиот директор на Фејсбук, Мајк Шрепфер.

After nearly four unbelievably rewarding years leading Messenger, I have decided it was time for me to take on a new…

Posted by David Marcus on вторник, 8 мај 2018

Сè уште не е познато со што ќе се занимава тимот, а самиот Маркус навел дека ќе бидат истражувани најдобрите начини за употреба на блокчејн во Фејсбук и дека ќе започне од нула.

Соосновачот и главниот извршен директор на најголемата социјална мрежа, Марк Закерберг, лично е заинтересиран за создавање на сопствена криптовалута. Помеѓу целите за оваа година, тој го сместил и истражувањето на предностите кои технологијата на блокчејнот ги носи.

Every year I take on a personal challenge to learn something new. I've visited every US state, run 365 miles, built an…

Posted by Mark Zuckerberg on Четврток, 4 јануари 2018

Медиумите пишуваат дека Фејсбук би можел да ја искористи оваа технологија за решавање на бројни проблеми поврзани со заштитата на приватноста на корисниците, кои се ставени под лупа на јавноста и власта на сите држави, особено по скандалот со компанијата Кембриџ Аналитика.

Од друга страна, со два милијарди корисници, Фејсбук е потенцијално интересна платформа за развој на сопствена криптовалута.