“Човекот кој најмногу се жали”: Ова момче заработува на многу необичен начин и има одличен совет за вас

4414

Еден Британец кој мрази мајонез, пронашол необичен начин на заработка, жалејќи се на тој производ и услугите во рестораните.

Крис Овен (39) од Бакингемшир заработува околу 1000 фунти годишно, жалејќи се од мајонезот кој му го ставаат во храната во рестораните.

Овен, кој во медиумите е познат како “човекот кој најмногу се жали” вели дека подобро би било да биде познат како човек кој не поднесува лоша услуга. Неговиот совет до сите е да не прифаќаат лоша услуга во рестораните.

За BBC објаснил дека месечно заштедува околу 90 фунти, жалејќи се на збрката во ресторанските менија, поврзана со мајонез. Името, честопати му се случува да побара јадење без мајонез, но сепак да го добие. Откако за прв пат почнал да инсистира да го добие точно она што го нарачал, Крис Овен заработил околу 3 илјади фунти.

“Најлош е случајот со бургерите. Секогаш ставаат мајонез во бургер”, вели тој.

Кога ја враќа нарачаната храна, понекогаш му ја намалуваат цената за одреден износ, а понекогаш добива и попуст на целосната нарачка.

“Мајонезот е вистински тиранин помеѓу додатоците, и притоа е многу безобразен. Тој мисли дека ја прави храната повкусна, но тоа не е вистина”, вели Британецот.

Овој експерт за односи со јавноста не се откажува од својот начин и вели дека Британците се склони да ги премолчуваат ваквите проблеми. Наместо тоа, треба да се изборат за себе и да реагираат кога ќе забележат дека нешто не е во ред, смета Крис.

Една од првите работи на кои тој се пожалил, а со тоа и заштедил пари, била пица на која имало премногу чили. Пицата на крајот не морал да ја плати бидејќи им кажал на вработените во ресторанот дека ваквото јадење би можело да го убие.

Исто така, тој заработил околу 400 фунти жалејќи се на лошо наместената рерна која би можела да ја запали куќата и уште 200 фунти поради доцнење на нарачката.

“Не се согласувајте на лоша услуга. Во ред е да се пожалите сè додека сте пристојни во тоа”, советува Овен.