10 совети од Пауло Коелјо: Како да ги остварите вашите цели и соништа?

4421

Пауло Коелјо е еден од најчитаните и најцитираните автори на светот, а неговите книги се голема инспирација за многу луѓе.

Пауло на својот блог објавил неколку важни совети со чија помош ќе успеете да ја одржувате среќата во вашиот живот и да ги исполните желбите и целите за кои долго мечтаете.

Ова се 10-те совети по кои вреди да се живее:

1. Одвојте се од сѐ и ќе бидете слободни

“Кога немам што да изгубам, тогаш имам сѐ”.

2. Сите сме овде со некоја причина

“Без оглед што прави човекот на Земјата, тој игра водечка улога во историјата. Секој има креативен потенцијал и во оној момент кога истиот ќе почне да го изразува, светот ќе започне да се менува”.

3. Стравот стои помеѓу вас и вашите соништа

“Не се предавајте на стравовите. Доколку го направите тоа, вие ќе ја изгубите врската со вашето срце. Само стравот од неуспех може да ве спречи во остварување на соништата”.

4. Грешките се дел од животот

“Дури и ако имате претчувство дека ќе донесете погрешна одлука, сепак направете го тоа. Грешките и погрешните одлуки се исто така дел од животот”.

5. Секое искуство, добро или лошо, носи своја поука

“Постојат неволји во нашиот живот и тука не можеме ништо да направиме. Сепак, неволјите се тука со некоја причина, а тоа го сфаќаме откако ќе ги пребродиме”.

6. Не барајте љубов надвор од себеси

“Љубовта не може да се најде во другите, туку единствено во нас самите. Едноставно, треба да ја пробудиме љубовта во нас, а за да го направиме тоа, потребна нѝ е таа друга личност”.

7. Кога вие се менувате, целиот свет се менува со вас

“Кога се трудиме да бидеме подобри, целиот свет станува подобар”.

8. Гледајте си ја својата работа 

“Сите имаат мислење за тоа каков би требало да биде животот на другиот, а не знаат за својот”.

9. Кога некој си заминува, тоа значи дека некој друг само што не пристигнал

“Никој никого не губи бидејќи никој никого не поседува. Тоа е слобода: кога ја имате најпрекрасната работа на светот, но не ја поседувате”.

10. Секој ден носи ново чудо 

“Ако на секој ден гледате со исти очи, тоа може да ве заслепи. Секој ден е поинаков, секој ден носи некое чудо. Само треба да ги отворите очите и да обрнете внимание на тоа чудо”.