Фламингото е минато, ова е новиот летен тренд за сите Инстаграм блогерки

4380

Минатата година социјалните мрежи беа преплавени со фотографии од плажите ширум светот со “must have” аксесоарот, огромните фламинго душеци. Од славните па се до “обичните луѓе”, Инстаграм нè присили речиси сите да го имаме овој душек и да бидеме во тек со најновите трендови.

Епа, минатото лето тоа го преживеавме, а сега следува нов бран на трендови за ова лето. Еден од нив е малку необичен, сите нема да можат да си го дозволат, но секако славните веќе започнаа да го применуваат. Станува збор за вистинско животно и тоа прасе.

Иако и тие се розови, тие не се како душеците, туку се вистински и можете дури да си ги поседувате како домашно милениче.

Токму така, фламингото веќе е минато, а неговото место го заземаат прасињата. Мајли Сајрус, Џесика Честејн, Памела Андерсон и Елизабет Бенкс се само дел од познатите ѕвезди кои овој период споделуваат фотографии со прасињата.

Тие особено се популарни на плажите, а тоа се должи на познатиот Остров на прасиња на Карибите, кој се прослави по тоа што можете да доживеете едно ново искуство односно да се капите во океанот со нив. Луѓето започнаа да споделуваат фотографии како ги шетаат низ улици, а потоа започнаа да си ги носат и со нив на плажа и да го шират овој тренд.

Така што, сите Инстаграм блогерки кои ги следите трендовите, знаете што треба да направите ова лето!